Поранешниот романски тенисер и своевремено прв светски рекет, Илија Настасе, оваа година нема да добие место во Кралската ложа на Централниот терен на Вимблдон.
Капитенот на Фед куп репрезентацијата на Романија се наоѓа под истрага поради расистичките коментари упатени кон Серена Вилијамс. Настасе на прес-конференцијат после ждрепката за дуелот со Велика Британија во Фед купот, даде непримерна изјава за детето што го очекува американската тенисерка.
„Да видиме со каква боја ќе биде. Чоколада и млеко“ – рече тогаш Настасе.
Тоа беше само вовед во неверојатниот викенд во Констанца, во текот на кој 70-годишниот Настасе предизвика серија скандали. Прво упатуваше навредливи коментари за селекторката на В.Британија, Ен Кјотавонг, потоа влезе во конфликт со еден од новинарите, а на мечот меѓу Сорана Кирстеа и Џоана Конте ги навредуваше судијата и британската тенисерка нарекувајќи ги со погрдни зборови.
„Неговото однесување не беше добро и ние тоа го осудуваме. Кога се во прашање поканите за Кралската ложа, Настасе годинава нема да ја добие“ – изјави претседателот на Ол Ингланд клуб, Филип Брук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА