Настрада од Карабатиќ – Алекс Душебајев заврши во болница

Кјелце настрада на дуелот на домашен терен со ПСЖ, уште по 60 минути игра губејќи ги шансите за пласман на фајналфор турнирот.

Алекс Душебајев беше единствена светла точка со седум погодоци, но екс-вардарецот мина најлошо од сите, откако денеска беше обелоденето дека морал да ја мине ноќта во болница, по судирот што го имаше со Никола Карабатиќ.

„Алекс Душебајев се наоѓа во болница по судирот со Карабатиќ на вчерашниот меч од ЛШ. Лекарите се сомневаат во потрес на мозокот, неговиот настап на реваншот останува неизвесен“ – соопшти денеска Кјелце.

Се вчитува...