Наташа Андонова го продолжи договорот со Леванте

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова денеска го продолжи договорот со Леванте. Таа стави потпис на договор за следната сезона, што значи дека и во новата сезона ќе биде дел од шпанскиот прволигаш.

Од таборот на Леванте преноса дека доколку бидат задоволни двете страни договорот може да биде продолжен на уште една година и таа да биде дел од тимот до 2022 година.

Андонова минатото лето пристигна во Леванте од редовите на Барселона.

 

Се вчитува...