Наташа Андонова потпишува за Ал Шабаб во Саудиска Арабија!

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова својата кариера ја продолжува во екипата на Ал Шабаб во Саудиска Арабија!

28-годишната Андонова по стапките на најголемите светски фудбалски ѕвезди, се одлучи да ја прифати понудата за преселба во редовите на Ал Шабаб, клуб во чија машка екипа настапуваше хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.

Сите детали околу меѓусебниот договор се завршени, па се очекува деновиве единствено официјалната промоцијата на македонската репрезентативка во новиот клуб.

Андонова ова лето ја заврши соработката со шпански Леванте каде играше од 2019 година. Претходно во својата кариера беше дел и од Барселона, ПСЖ, Розенгард, германски Турбине како и Борец Велес и Тиквешанка во домашното првенство.

Се вчитува...