Наташа Андонова се врати во Шпанија, потпиша за Мадрид

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова, се врати во Шпанија и потпиша за тимот на Мадрид. После кратката авантура во Саудиска Арабија, Андонова се реши за „кам-бек“ во Шпанија, каде во минатото играше за Леванте и за Барселона.

31-годишната македонска репрезентативка досега настапуваше за Ал Шабаб, но по само неколку месеци се одлучи да се врати во Европа и во Шпанија.

Покрај Леванте и Барселона, Андонова во минатото настапуваше за ПСЖ, Розенгард, Турбине Постдам.

Се вчитува...