ЕКИПА во Гибралтар
Владимир Булатовиќ
Македонската репрезентација одигра натпревар кој нема многу да се памети на гостувањето на теренот со несекојдневни услови за игра во Гибралтар, но најважно е освојувањето на планираните три бода.
Лош терен за игра со вештачка трева, силен ветар и апсолутно стадион кој не задоволува никакви услови за натпревари од ваков ранг, го одбележаа гостувањето во Гибралтар кое на крај е задоволувачко единствено по освоените три бода. И тоа е најважно.
Од дуелот, пак, ќе се памети новата капитенска игра на Енис Барди, кој уште еднаш ја демонстрираше сета своја жестина кога игра во националниот дрес. Мајсторски гол и капитенски однос на теренот за паметење, а дополнет со партнерот од ЕП во Полска 2017, Бобан Николов кој потврди дека и тоа како е значајна алка за македонската репрезентација…
На крај, Македонија на рутина и очигледен квалитет дојде до триумфот како мотив за последните два меча кои момците на Благоја Милевски ги очекуваат во Скопје, против Грузија (9. јуни) и против Гибралтар (12. јуни).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА