Најинтересниот натпревар од 5. коло во Првата лига ќе биде одигран денеска со почеток од 19 часот и 30 минути, а во него вицешампионот Еуро Никел во салата „Јасмин“ го пречекува единствениот непоразен клуб во првенството, Пелистер.
Дуелите на овие две екипи претходната сезона донесоа големи возбудувања, а бодовите беа поделени. Пелистер прво славеше на гостувањето во Кавадарци со убедливи 75-102, а потоа кавадарачни вратија со гостинска победа од 116-122 во најинтересниот натпревар на сезоната во кој победникот беше одлучен по 55. минути игра.
Ростерите на двата тима во однос на тие дуели не забележаа огромни промени. Горан Самарџиев и Марјан Илиевски го задржаа костурот на тимот кој го дополнија со искусни играчи па ќе биде интересно да видиме како ќе се одвиваат работите на овој меч во кој фокусот ќе биде ставен на битката под обрачите каде силите ќе си ги одмерат Предраг Самарџиски од едната и Игор Кесар од другата страна.
За разлика од битолчани кои по четири одиграни натпревари имаа перфектен учинок, вицешампионот се мачи на стартот на сезоната. По победата во првото коло над Гостивар, „сино-белите“ бројот три порази во низа па овој дуел ќе биде од искучителна важност за домаќините во обид за враќање на победите во натпревар против екипа која претендира за високо место на табелата. Но, истото нема да биде лесно против Пелистер кој е најдобриот напаѓачки и одбранбен тим во лигата со просек од 88.3 постигнати поени и 69.7 примени поени по натпревар.
Натпреварот во „Јасмин“ ќе може да го проследите на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

