Натпревари во Холандија се одложуваат поради штрајк

Натпреварот меѓу фудбалерите на Ајакс и Утрехт нема да се одигра во недела поради штрајк на полицијата во Амстердам, соопшти холандскиот клуб.

Како што се наведува во соопштението на Ајакс, локалните власти донеле одлука за откажување на натпреварот поради безбедносни причини.

„И Ајакс и Утрехт направија се што можеа за натпреварот да продолжи и се разочарани од одлуката “, соопштија од клубот од Амстердам.

Новиот термин на натпреварот се уште не е објавен. Претходно поради штрајк на полицијата беше откажан мечот меѓу Ајакс и Феенорд кој требаше да се одигра на 1 септември.

Се вчитува...