Натпреварот Академија Пандев – Вардар Неготино од второлигашката конкуренција, кој требаше да се одигра денеска со почеток во 16 часот е одложен за вторник. Причина е трагичната смрт на членот на Академија Пандев и македонски репрезентативец, Филип Лазаревски. Тој трагично го загуби својот млад живот во сообраќајна несреќа, по пад со мотоцикл.
Мечот ќе се одигра во вторник (18.04.2017) со почеток во 16 часот.
Останатите мечеви ќе се одиграат денеска: Металург – Велазерими, Скопје – Тиквеш, Новаци – Тетекс, Еуромилк – Х. Турново.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА