НАТПРЕВАРОТ НА ЧАИР НЕМА ДА СЕ ДОИГРА: Шкупи го чека тешка казна, Шкендија преку „зелена маса“ до полуфиналето на Купот!

Натпреварот во Чаир меѓу Шкупи и Шкендија од четвртфиналето во Купот на Македонија и дефинитивно нема да се одигра.

Како што не информираа официјалните лица, сосема јасно нема апсолутно никакви услови за доигрување на дуелот поради што и дефинитивно, поради тежината на инцидентот, истиот ќе се одлучува, сосема извесно, низ комисиите на Фудбалската федерација на Македонија. А, наредниве минути специјални единици на полицијата на Македонија ќе треба да ја испразнат трибината со навивачите на Шкупи.

Меѓутоа, дефинитивно е јасно дека натпреварот не треба ниту да се преигрува во друг термин. Шкупи јасно мора да добие суспензија од натпреварувањето поради инцидентот каков не е виден во последните десеттина година во Македонија, а Шкендија се очекува да продолжи во полуфиналето од Купот на Македонија.

Натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија беше прекинат уште во 10. минута од средбата, поради хаосот кој го приредија навивачите на Шкупи веднаш откако гостите поведоа со голот на Дашмир Елези.

Елези по постигнатиот погодок низ радоста испрати провокации кон навивачката трибина на Шкупи, по што следеше упад на теренот од страна на дел од навивачите на домашните, а потоа и целосен хаос со физички пресметки и на фудбалерите со дел од навивачите.

Нешто потоа, откако судиската тројка се повлече во соблекувалните, припадници на специјалните единици на полицијата ги извлекуваа и фудбалерите на Шкендија кон соблекувалните каде повторно беа нападнати со пиротехнички средства од страна на навивачите на домашните.



И фудбалерите на Шкупи, потоа, по десеттина минути се повлекоа во соблекувалната.

Се вчитува...