Плановите за одигрување на првенствениот натпревар помеѓу Милан и Комо во Австралија официјално се откажани, потврди претседателот на Серија А, Ецио Симонели.
Причината за тоа се неприфатливите барања од страна на Азиската фудбалска конференција која го оневозможуваат организирањето на натпреварот.
Милан бара алтернативно решение за одигрување на натпреварот на 8. февруари бидејќи домот на „росонерите“, „Сан Сиро“ нема да биде достапен поради церемонијата за отварање на Зимските олимписки игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

