Натпреварот Шведска – Белгија нема да се доигра, во Израел нема да има УЕФА мечеви

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) официјално објави дека натпреварот меѓу Белгија и Шведска кој беше прекинат на полувремето при резултат 1-1 нема да биде доигран.

Натпреварот во Брисел не го виде своето второ полувреме поради терористичкиот напад во центарот на белгискиот град по кој загинаа навивачи на Шведска.

Од УЕФА исто така потврдија дека во следниот период поради конфликтот меѓу Израел и Палестина натпревари во Израел нема да се играат.

Се вчитува...