Натпреварот во Даблин, двапати беше прекинуван, навивач влета на терен со знаме на Палестина (ВИДЕО)

Натпреварот од Б Дивизијата во Лигата на нации помеѓу Република Ирска и Австрија, двапати беше прекината поради протестите на домашните фанови со кои испратија порака пред наредниот дуел на нивната репрезентација против Израел.

Имено, во првото полувреме, навивачите на теренот фрлаа тениски топчиња поради што судијата мораше да го прекине натпреварот за да се исчити теренот. Овој потег не беше прифатен од сите навивачи на стадионот во Даблин, па можеа да се слушнат и свирежи.

 

 

Потоа се случи уште еден инцидент, навивач влета на теренот носејќи палестинско знаме по што мораше да интервенира обезбедувањето.

 

 

Протестите се дел од кампањата „запрете ја играта“ чии организатори ја повикуваат Република Ирска да не игра против Израел.
Република Ирска и Израел в недела во Даблин треба да го играа натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации.

Се вчитува...