Седум фудбалери на Валјадолид учествувале во местење на натпреварот кој на Валенсија и осигура пласман во Лигата на шампионите, пишува „Ел мундо“.
Шпанскиот медиум имињата на главните осомничени го објави, повикувајќи се на транскрипти од телефонски разговори. Еден од поранешните фудбалери на Реал Мадрид Карлос Аранда, по последниот првенствен натпревар во сезоната 2018/19 меѓу Валјадолид и Валенсија изјавил дека купил седум фудбалери на Валјадолид.
„Валнесија ги добива првото и второто полувреме, во ред? Никој не мора тоа да го знае, разбираш што сакам да кажам Нико“, рекол Аранда во телофонскиот разговор со еден пријател пред натпреварот кој Валенсија го доби со по еден постигнат гол во двете полувремиња.
Повеќе активни и поранешни фудбалери беа уапсени на 28. мај поради учество во мрежата која местела натпревари на највисоко ниво. Истрагата е покрената уште во 2018 година по натпреварот од втората лига меѓу Хуеска и Тарагона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА