Националите летнаа за Рига по триумф и задржување на првото место (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот национален тим денеска после пладне отпатува за Рига, каде што во четврток го очекува првиот меч од октомврискиот циклус во Лигата на Нации, дуелот против Летонија.

Мечот во Рига ќе биде како „загревање“ за она вистинското кое следува три дена подоцна – мечот со Ерменија во Ереван, кој може на крајот да биде одлучувачки за првото место во групата. За потсетување дека Македонија ја совлада Ерменија во Скопје со 2-0, и Ерменците ќе мора да бркаат победа за лидерската позиција.

Во Рига Македонија нема да смета на суспендираните Ѓоко Зајков и Никола Серафимов. Зајков има црвен картон на мечот со Ерменија, додека Серафимов поради парни жолти картони ќе мора од трибините да го следи овој дуел.

Се вчитува...