Националите се собраа: Следи историската битка за пласман на Мундијалот во Катар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вечерва македонскиот национален тим се собира за историскиот бараж дуел против Италија за пласман на Мундијалот во Катар.

Селекторот Благоја Милевски имаше прва прозивка во хотелот „Хилтон“ во Скопје, а дојдоа поголемиот дел од репрезентативците. Ќе доцнат оние кои имаа обврски денеска, а последен се очекува да дојде новопечениот репрезентативец Ердон Даци кој вечерва има натпревар за неговиот Вестерло во белгискиот шампионат.

Утре, македонската репрезентација од 17 часот ќе го одработи првиот тренинг за време на репрезентативниот собир во својата репрезентативна база на комплексот на ФФМ, а за вторник во попладневните часови е планирано заминување за Палермо каде на 24. март од 20:45 часот на „Ренцо Барбера“ ќе го одигра полуфиналниот бараж-дуел за пласман на СП 2022.

 

Се вчитува...