Националите се собраа за септемвриските предизвици: Саудиска Арабија како загревање за Лихтенштајн

Макеоднската репрезентација денеска го имаше собирот во Скопје, за двата септемвриски натпревари против Саудиска Арабија и против Лихтенштајн. Пријателската со Саудиска Арабија во Прага, ќе биде како загревање за она вистинското што следува за избраниците на Благоја Милевски.

На собирот денеска пристигнаа и двајцата дебитанти, Решат Рамадани од Шкендија и Елмин Растодер од Тун, кои веднаш се ставаат на располагање на стручниот штаб.

Мечот против Саудиска Арабија се игра на 4. септември во Прага, а три дена подоцна и дуелот со Лихтенштајн во Скопје.

Се вчитува...