Необични слики на тренингот на Македонија денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Репрезентативците ги почнаа дводневните подготовки за дуелот со Фарски Острови загревајќи се со текбол.
Маси за текбол беа поставени на теренот, а и селекторот Благоја Милевски можеше да ги покаже своите играчки квалитети пред своите избраници.
На денешниот тренинг присуствуваше и новото име во националниот тим Јован Манев кој беше повикан по откажувањето на Висар Муслиу, и поради повредата на Ѓоко Зајков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА