Националната пливачка федерација се огласи со соопштение, по поод нападите од страна на Александар Маленко. Од федерацијата истакнуваат дека вкупно 30 од 31 клуб се оградиле од Маленко.
Во продолжението од соопштението наведуваат дел од, како што велат „непоправливите штети“ сторени од Маленко.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
„Вкупно 30 од 31 клуб – членки на Националната Пливачка Федерација на Македонија потпишаа изјава со која изрично го потврдуваат легитимитетот на раководството на федерацијата изразен преку огромна мнозинска волја на членкитеи се оградуваат од лицето Александар Маленко кое е суспендирано и за истото лице се водат дисциплински постапки во ФИНА и ЛЕН, а само еден клуб упорно останува на страната на сите направени злодела.
Потсетуваме на дел од непоправливите штети сторени од лицето Александар Маленко:– Отуѓен систем за електронско мерење во сопственост на НПФ заради сторен долг,– Намерно непријавување на ЕП на нашиот најдобар маратонец Евгениј Поп Ацев,– Скандалозно повлекување и суспендирање на тогашната наша најдобра пливачка Миа Еминова Блажевска од репрезентативен настан и спуштање на нашето државно знаме од истиот настап,– Обид за лажирање и лажно обвинување за допинг на нашиот тогашен најдобар пливач Филип Дерковски, а со цел исфрлување од олимписки тим на Македонија,– Докажано и потврдено од ФИНА лажно обвинение за допинг на нашата маратонска легенда Томи Стефановски,– Обид за исфрлање на најголем број пливачки клубови со обид за забрана на настапи на тие клубови и пливачи надвор од Македонија,– Бришење на најталентирните пливачи стипендисти од список на стипендисти меѓу кои и пливачи како Никола Ѓуретановиќ кој денес е најдобар македонски пливач на само 16 години и наш потенцијал за најголеми пливачки достигнувања,– задолжување на федерацијата со дополнителни 100.000,00 ЕВРА за кои веќе има извршни решенија,– драматично зголемување на долгот кон ФИНА, како и огромен долг поради неисплата на ветените наградните фондови на пливачите од маратоните за кои има постапки во ФИНА,– Има активна правосилна пресуда за лажно претставување,– Осудуван е по повеќе основи и го нарушува угледот на позицијата претседател на НПФ,– Има сериозни индиции дека на посебна сметка Здружението-Комитет за далечинско пливање ( КДП ) примило огромни парични износи на име на пливање и програма од државни институции за што ќе следи постапка после ослободувањето на заробените институции,Продолжуваме сложно против системот кој толерира криминал, корупција и политичко влијание во спортот! Во пливањето ќе владее волјата на мнозинството, а не волјата на неколку криминалци под политичка заштита! Времето на хаосот истекува и за брзо ќе биде комплетно минато.Бараме Централниот Регистар на Македонија да постапи согласно своите овластувања и обврски утврдени во законот и да не дозволи манипулација и обид за повторен криминал!Истовремено го повикуваме Основното јавно обвинителство и ОЈО за организиран криминал по службена должност да постапи согласно своите овластувања и да поднесе кривични пријави за ваквите противправни и кривични дејствија.Искажуваме голема благодарност за поддршката од ФИНА, ЛЕН и МОК како и огромното мнозинство на клубови членки!
За Македонија се работи!“, стои во соопштението на Националната пливачка федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА