ЕКИПА во Варшава,
Владимир Булатовиќ
Една од националните гордости на Полска, како што потенцираат овде во Варшава, е дефинитивно и Националниот стадион во главниот град. Маркантно издание изградено за Европското првенство 2012, еден од убедливо најмодерните спортски комплекси во Европа.
Капацитетот на Националниот стадион во Варшава, кој е дом на полската репрезентација, е 57.000 седишта за фудбалски натпревари и 75.000 за концерти и останатите општествени активности. Располага со прес-центар со капацитет да прими 1.200 новинари, супер модерен ВИП дел со кафе барови и два ВИП ресторани, базен и СПА центар и дел за забавни активности на навивачите.
Како што велат домаќините, на натпреварите на репрезентацијата на Полска доаѓаа од целата земја, покрај да дадат поддршка за својата селекција добар дел од нив и само да го видат маркантното спортско издание во Варшава.
Така ќе биде и утре на натпреварот против Македонија ако се знае дека билетите за дуелот се веќе распродадени па се очекуваат повеќе од 55.000 навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА