Македонската репрезентација утрешниот натпревар (15 часот) против Лихтенштајн во Вадуц на старот од квалификациите за Светското првенство 2026 година ќе го игра во црни дресови, во знак на почит на загинатите и повредените во ужасната трагедија во Кочани која ја потресе Македонија.
Националниот тим доби потврден одговор на барањето до домаќините и УЕФА да игра во темни дресови, на кои, според најавите, ќе има и напис „Кочани“ како сеќавање на 59 млади животи кои згаснаа во страшната трагедија.
Јасно е дека мечот ќе мине во тажна атмосфера, но со огромен мотив меѓу репрезентативците со победа на стартот од квалификациите да оддадат спомен на сите жртви.
„Нема да има еуфорија, но секако ќе го дадеме максимумот, со силен мотив да и подари победа на земјата во овие тешки мигови“ – порачуваат од македонскиот табор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА