„Науката треба да го проучува Ѓоковиќ…, Алкараз и Синер се како Битлси и Ролингстоунси“

Легендарниот американски тенисер Џон Мекенро не сака се уште да го испрати Новак Ѓоковиќ во пензија. Напротив. Мекенро е задоволен од она што го виде од Ѓоковиќ на неодамна завршениот Ролан Гарос, каде што Србинот стигна до полуфиналето.

„Зошто да се пензионира кога е сè уште конкурентен?“ – прашува Мекенро во интервју за „Кориере дел Сера“ и додава:

„Тој сè уште се натпреварува со Алкараз и Синер. Има два големи адути: искуство и способност да се справи со тешки моменти“ – рече Американецот продолжувајќи со пофалбите за најголемиот на сите времиња.

„Невозможно е да не се восхитувате. Тој е Леброн Џејмс на светскиот тенис. Поради неговите години, му станува сè потешко да се справи со Јаник и Карлос, но тој е сè уште вистинско чудо. Некој што науката треба да го проучува“ – вели Мекенро.

Седумкратниот шампион на Гренд слем ги пофали и првиот и вториот тенисер на планетата.

„Алкараз зрачи со харизма и тоа ги прави неговите натпревари електрифицирани. Морам да кажам дека Карлос е најталентираниот тенисер што сум го видел. Тој е едноставно брилијантен. Харизмата не може да се создаде, со неа се раѓаш“ – рече Мекенро и дополнува:

„Јаник е поконзистентен, а она што импресионира е чистотата на неговите удари и звукот што го слушате кога ја удира топката. Никогаш не сум слушнал нешто слично. Исто така, сум импресиониран од леснотијата со која Алкараз се извлекува од тешкотиите во кои запаѓа, исто така со неверојатна леснотија. Тој е единствениот тенисер за кого би платил билет за да го гледам. Тој е најдобриот подарок што тенисот го добил по големата тројка. Би рекол дека тие двајца се како Битлси и Ролинг Стоунс.“

Конечно, споредба со „големата тројка“.

„Дури ни во моите најлуди соништа не можев да сонувам дека Роџер, Рафа и Новак ќе стигнат до 20 или повеќе грандслем титули. Сега, ако ме прашате дали Алкараз и Синнер ќе освојат 25… не знам, ми се чини лудо, но никогаш не вели никогаш. Ако има некој што може да го направи тоа, тоа се тие двајца“ – подвлече Мекенро.

Се вчитува...