Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец, Наумче Мојсовски, кој од неодамна е директор на Агенцијата за Млади и Спорт, им ја честиташе на ракометарите денешната победа над Чиле, со која Македонија обезбеди пласман во главната рунда од СП 2021 во Египет.
Воедно, Мојсовски порача дека никогаш не треба да се губи вербата во нашите репрезентативци, дури и во ситуација на серија слаби игри како на почетокот од овој ракометен мундијал.
„Никогаш не треба да се губи надежта и вербата, посебно во македонските ракометари, кои како феникс се издигнаа и со победата против Чиле, мајсторски обезбедија место во главната фаза на Светското првенство! Браво момци! Секогаш сте гордост наша!“, напиша Мојсовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА