Наумов: Мора победа и против „лавовите“ во битката за опстанок

Штипска Брегалница конечно има шанса да се одлепи од дното на првенствената табела по денешното 26. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ во Штип ја пречекуваат екипата на Македонија ЃП која е пред нив на табелата со само еден бод предност (17). Со три бода од оваа пресметка, Брегалница веќе сериозно ќе атакува и кон позицијата на прилепска Победа.

„Свесни сме дека бодовите од денешниот натпревар со Македонија ЃП ни се повеќе од потребни. Не сакаме да ги потценуваме иако имаат млад состав, но за нас нема никаква друга опција освен победа. Верувам дека со максимален ангажман на секој поединец, како што беше тоа натпреварот против Шкупи, и со поддршка од навивачите ќе дојдеме до толку посакуваната победа“ – вели голгетерот на Брегалница, Ристе Наумов.

ДВОЈКИ – 26. КОЛО (16 часот)

Прилеп: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС

Штип: БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...