Наумовски: Фаворити сме на хартија, но тоа мора да го покажеме и на терен

Шкупи утре на домашен терен ќе го пречека Лапи во првиот натпревар од новоформираната Конференциска лига на УЕФА. Голманот на чаирчани, Кристијан Наумовски вели дека во последните години косовскиот фудбал многу се развива и дека иако се фаворити на хартија, воопшто нема да биде лесен меч.

„Нималку наивен противник искрено не можам да кажам колку се квалитетни. Фаворити сме на хартија, но тоа мора да го покажеме и на терен. Да игравме против косовска екипа пред четири пет години ќе ви кажев дека ќе поминеме сигурно, но вака ќе мора и тоа како да се потрудиме“, вели Наумовски. 

Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20 часот.

Се вчитува...