Наваро и Барса – љубов која трае 20 години!

Плејмејкерот на Барселона, Хуан Карлос Наваро вчера славеше јубилеј – 20 години од неговиот прв настап во дресот на каталонскиот клуб. Декласирањето на Макаби во големото дерби во Евролигата, му беше како подарок на 37-годишниот организатор на игра.

Пред почетокот на средбата клубот му додели признание на Шпанецот, а фудбалерот на Барса, Андрес Иниеста во придружба на претседателот Бартомеу, имаше чест да му врачи пехар во знак на 20-годишнината. Барселона го испрати Наваро во легендите, додека двократниот европски шампион одигра севкупно шест минути во големата победа, со скромни три поени.

https://www.youtube.com/watch?v=sGPRFS1guqk

Се вчитува...