Хуан Карлос Наваро продолжи да испишува нови рекорди во историјата на Евролигата. Асот на Барселона е најдобар стрелец во елитното европско натпреварување, а со кошот во третата четвртина од дуелот со Фенербахче шпанскиот ветеран стана и прв играч во историјата со 4.000 поени во Евролигата. Вистинска легенда, нема што.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА