Академија ФМП во следната сезона ќе биде дел од „Балканот“ (ФОТО)

Навико Академија ФМП од следната сезона ќе се бори и на интернационалната сцена откако раководството на клубот ја прифати поканата за учество во БИБЛ лигата за сезоната 2021/22 со што им се приклучи на ТФТ и Куманово како дел од македонските претставници.

Покрај трете македонски претставници дел од лигата ќе бидат и претставници од Израел, Бугарија, Црна Гора и Косово.

„Позади нас е успешна сезона во која што успеавме да се пласираме во полуфиналето на Купот на Македонија и да избориме пласман помеѓу најдобрите 8 екипи во домашното првенство. Наредната сезона пред нас е поголем предизвик, освен натпреварите од домашната лига и Купот на Македонија, не очекуваат и натпревари на меѓународна сцена кои ќе бидат пред се искуство и предизвик за нашата екипа“, стои во соопштението од клубот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Akademija FMP (@akademijafmp)

Се вчитува...