Навивач е во критична состојба откако паднал од трибини на „Вембли“

Англија вчера славеше против Хрватска на нивниот прв меч на Европското првенство (1-0), но вестите кои пристигнуваат по овој натпревар од Островот не се добри бидејќи еден навивач се наоѓа во тешка здравствена состојба по пад од трибините.

„Скај Спорт“ објави дека еден навивач бил пренесен во болница во критична здравствена состојба откако паднал од трибините, а во моментов се води истрага како се случил немилиот настан на „Вембли“.

„Можеме да потврдиме дека еден навивач падна од трибините на самиот почеток на дуелот. Веднаш му беше дадена медицинска помош и потоа во критична состојба е пренесен во болница. Соработуваме со УЕФА за да откриеме како се случил инцидентот“, соопштија од Островот.

Се вчитува...