Еден од навивачите на Лионел Меси се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако покажа дека на грбот има голема тетоважа со играчот на Барселона.
Имено, овој Бразилец се најде во центарот на вниманието пред неколку дена пред натпреварот помеѓу Аргентина и Уругвај во рамките на Копа Америка. Тој даваше интервју за една од телевизиите и беше во дресот на Меси. Сепак, потоа реши да им покаже на сите колку голем фан е на Аргентинецот.
Овој навивач потоа се сврте и го соблече дресот за да можат сите на неговиот грб да видат дека има огромна тетоважа од Меси. Приказната за овој навивач стигна и до Меси кој го виде овој клип на социјалните мрежи и реши да остави свој коментар.
Меси рече дека би сакал да се сретне со овој навивач и да се потпише под оваа тетоважа, но никој не очекуваше тоа да се случи само еден ден подоцна.
Имено, овој навивач се појави пред хотелот на аргентинската репрезентација и Меси реши да го исполни ветувањето. Аргентинскиот фудбалер излезе и навистина се потпиша на грбот на овој навивач, па со овој потег ја воодушеви светската фудбалска јавност.
Овој обожавател имаше можност да го запознае својот идол, а тој ја искористи можноста за фотографија за која сигурно ќе им раскажува и на своите внуци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА