Иако губеше од 5. минута, Хајдук успеа да оствари голем пресврт (4-1) над Горица во 7. коло од хрватскиот шампионат, искористувајќи го киксот на Динамо на гостувањето во Копривница. Белите прокнижија нови три бода пред 18.764 гледачи и барем привремено избија на врвот на табелата.
Одличната атмосфера на „Пољуд“ остана во сенка на немил инцидент на трибините. Имено, еден навивач на Хајдук е тешко повреден од експлозија, што во соопштение го потврди и сплитската полиција.
Инаку, Сплитско-Далматинската полициска управа извести дека се приведени вкупно 22 лица, кај 16 се пронајдени пиротехнички средства, од кои двајца се на возраст под 14 години…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА