Навивач на Јунајтед го истетовира трагичарот на Ливерпул

Лорис Кариус ги преживува најтешките денови во кариерата. Голманот на Ливерпул беше трагичар во финалето од Лигата на шампионите во кое Реал Мадрид со неговите два подарок голови во Киев го победи Ливерпул со 3-1 и по трет пат по ред ја освои титулата, вкупно 13.во историјата. Кaриус направи катастрофална грешки при првиот гол од Карим Бензема кого практично го проигра, а потоа топката му помина низ раце по вториот удар на Герет Бејл.

На поразот на Ливерпул најмногу му се радуваа навивачите на ривалскиот Манчестер јунајтед и легендите на клубот од „Олд Трафорд“. Од Манчестер јунајтед никако не сакаа да го видат Ливерпул на врвот на Европа. За да не дојде до тоа им помогна Реал Мадрид, но најмногу несреќниот Кариус.

И додека навивачите на „кралскиот“ клуб, во анкетата на „Марка“, саркастично му дадоа највисока оценка на германскиот голман, Кариус доби негативна слава и на Островот меѓу фановите на Манчестер јунајтед.

 

Еден од нив отиде дури и предалеку во славењето на поразот на Ливерпул па на раката си истетовира „Кариус е легенда“ покрај датумот на финалето во кое Либерпул беше поразен во Киев.

Се вчитува...