Навивач почина на „Еланд Роуд“ пред натпреварот од Премиерлигата во неделата помеѓу Лидс и Манчестер јунајтед. Лидс соопшти дека медицинскиот персонал дошол со оваа информација кратко пред првиот свиреж на судијата.
„Ние во Лидс сме скршени. Можеме да потврдиме дека нашиот навивач почина пред натпреварот против Манчестер Јунајтед на „Еланд Роуд“. Нашите мисли се со сите во Лидс. Ќе ги поддржиме семејството и пријателите на починатиот во ова исклучително тешко време“, се вели во соопштението на клубот.
И покрај трагедијата, натпреварот се одигра на време и заврши нерешено 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

