Навивач на Ливерпул доби суспензија од три години

Навивач на актуелниот европски шампион, Ливерпул доби суспензија од три години поради насилничко однесување. 57-годишниот Ентони Мулен беше повикан на суд поради учество во два инцидента кои се случиле во мај месец.

Првиот бил во Барселона, кога Ливерпул го играше првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите. Мулен турнал едел од локалните жители во фонтаната во главниот град на Каталонија, а снимката од нападот заврши на социјалните мрежи.

Вториот се случил во текот на последното коло од Премиерлигата во кој „црвените“ играа против Вулверхемптон, кога навивачот на Ливерпул на еден од редарите на стадионот му ги соблекол панталоните.

Се вчитува...