Само мала човекова глупост може да ве чини остварување на сон – овој пат да ја следите вашата селекција, со веќе купени билети, на настап на Мундијал, на пример.
Навивач на Мароко ќе жали цел живот што си дозволи да го испрска со вода Кристијано Роналдо додека се движеше кон клупата за резерви пред почетокот на четвртфиналниот натпревар меѓу Португалија и Мароко, а сето тоа го забележаа и фоторепортерите.
Очигледно сакаше да биде „херој“ меѓу своите со еден таков потег, но не ни насетуваше со каква казна ќе се соочи затоа што редарите ја забележаа неговата постапка и одлучија да реагираат. Редарите веднаш му пријдоа на навивачот кој веќе се расправаше со поединци кои седеа покрај него а кои му реагираа за таквата постапка.
На крајот навивачот веднаш беше изнесен надвор од стадионот, што го остави во шок, притоа поради непромислена глупост пропуштајќи го историскиот натпревар на својата репрезентација. Но, немаше избор па, онака лут, испратен од обезбедувањето беше изнесен надвор од стадионот.
Angry fan escorted out for throwing water on Ronaldo. Not difficult to show some respect. Good result. pic.twitter.com/HHVLv051Y4
— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) December 10, 2022
Да биде трагедијата уште поголема, организаторите на Мундијалот, најавија дека, и покрај купениот билет, нема да му биде дозволен влез и на полуфиналниот натпревар на Мароко против Франција, па уште сега ќе мора да го напушти Катар.
Натпреварот меѓу Мароко и Франција во полуфиналето на СП 2022 се игра во среда (14. декември) со почеток од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА