Навивач на Партизан почина по срцев удар во „Арена“ при поразот од Барселона

Навивач на Партизан го загуби животот по срцевиот удар што го здоби за време на дуелот на „црно-белите“ против Барселона одигран синоќа во белградска Арена.

Станува збор за 65-годишниот Драган Четковиќ, кој се пожалил на болки во градите во четвртата четвртина, екипата на Брза помош во салата со реанимација ги поврати виталните функции, по што тој беше пренесен во најблиската болница.

За жал, од таму стигна лоша вест, Четковиќ ја загубил најважната битка…

Се вчитува...