Министерството за Внатрешни РАботи објави дека уапсило навивач на Шкендија роден во Тетово, поради истакнување на симбол со што предизвикувал национална, верска, расна омраза и нетрпеливост.
Инцидентот се случил пред натпреварот меѓу Шкендија и Карабах, на кој и покрај бројните апели за спортско навивање можеа да се слушнат националистички скандирања на трибините на стадионот во Скопје.
„На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална верска и расна омраза и нетрпеливост. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.
Однесувањето на навивачите на Шкендија синоќа беше осудено и од страна на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

