Навивач од трибини скокна директно на Роналдо (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо не постигна гол во Германија, но сепак е во центарот на вниманието. Обезбедувањето на турнирот има многу работа за да го заштити од сите оние кои сакаат да се сликаат со него и да добијат автограм.

Во претходните натпревари навивачи влетаа на теренот, со што ја прекинаа играта, а не е подобро ниту кога судијата ќе означи крај. Неверојатна сцена беше видена на крајот од мечот со Грузија, кој Португалија го загуби со 2-0. На пат кон тунелот, на излезот од теренот, еден навивач скокна токму пред Роналдо од голема височина.

Роналдо во шок застана и веднаш се виде дека воопшто не му е пријатно. Лесно можеше да се случи навивач да падне врз него и да го повреди.

Се вчитува...