Навивач со албанско знаме имаше свое шоу на теренот на „Сигнал идуна“ (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион Италија со тешка победа над Албанија од 2-1 ја стартуваше одбраната на титулата на Европското првенство кое што се игра во Германија. Албанците одиграа храбар меч против големиот фаворит, но на крајот немаа сила да успеат да стигнат до првата сензација на овој шампионат.

Интересна ситуација се случи во финишот на мечот, кога еден албански навивач успеа да влезе на теренот и во неколку наврати да им побегне на редарите, но и самиот неславно да заврши на тревата откако неспретно се лизна.

Се вчитува...