За разлика од Италија, Португалија ја оправда фаворитската улога и ја победи Турција на домашен терен, но тоа го направи на доста драматичен начин и со голема нервоза во самата завршница.
Португалците водеа 2-0 во првото полувреме, но Бурак Јилмаз ги врати Турците во игра на стартот на вториот дел, но човекот кој можеше да биде херој, се претвори во трагичар.
Искусниот голгетер на Лил доби шанса да израмни на 2-2 во 85. минута, но наместо да го направи тоа, не успеа да биде прецизен од белата точка и го префрли голот.
Ова беше тежок удар за играчите на Турција и за огромен дел од фановите на оваа репрезентација, но на социјалните мрежи, посебно вирално стана видеото на кое се гледа како еден навивач со пиштол во раката го следеше пеналот на Јилмаз, и кога виде дека промаши, испука куршум во екранот.
Turkish fan after missing a penalty against Portugal 😳😳
#WorldCup pic.twitter.com/bYawKp2Vj2
— عمر ( رد متابعه ) (@unomre22) March 25, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА