Навивач влета на терен да запроси девојка, а заврши нокаутиран (ВИДЕО)

Еден од навивачите на безбол екипата на ЛА Доџерс на вчерашниот натпревар со Аризона одлучи да ја запроси својата девојка. Сепак, планот очигледно не го промисли баш најдобро.

Момчето втрча на терен среде натпревар како пред целиот стадион би ја запросил девојката Рамона Саведра. Недолжно клекна на теренот со прстенот во рака и се сврте кон трибината, но го занемари фактот како функционираат редарите на американските натпревари.

Во моментот кога влезе на терен веднаш стана мета која треба да се совлада. Па, еден од редарите својата задача ја сфати буквално и и покрај тоа што беше клекнат со прстен во рака, буквално го нокаутираше навивачот соборувајќи го брутално на земја…

Сепак, не беше повреден, па по мечот неговата вереница покажа снимка од запросувањето и слика со прстенот…

Се вчитува...