Навивач влета на терен и се фотографираше со фудбалерите (ФОТО)

Очигледно дел од македонските фанови не можеа да го дочекаат повлекувањето на одлуката за забрането присуство на трибините, па еден од нив по денешниот натпревар со Словенија се одлучи да се спушти на терен фотографирајќи се со фудбалерите.

Пропуст на редарските служби кој брзо беше решен, а навивачот за кратко тргнат од теренот, посебно ако се знае дека репрезентативците се во постојан карантин поради строгите протоколи на УЕФА за организација на овие натпревари пред Европското првенство…

 

Се вчитува...