Навивач влета на терен за да се пресмета со капитенот на Глазгов Ренџерс (видео)

Капитенот на Глазгов Ренџерс, Џејмс Таверние, сосема неочекувано беше нападнат од страна на навивач на Хибернијан на вечерашното гостување на својот тим.

Ренџерси водеа со 0-1 пред крајот на полувремето додека Таверние се подготвуваше да изведе аут, кога навивачот влета на теренот и му ја шутна топката на гостинскиот играч. Следеше конфликт и туркање од двете страни, но за среќа во последен момент реагираше полицијата, спречувајќи уште посериозен инцидент.

 

Се вчитува...