Четворица навивачи на АЕК кои живеат во Велика Британија се обидоа да присуствуваат на натпреварот во Загреб во кој нивниот тим ќе се сретне со домашниот Динамо.
Двата тима се среќаваат од 20 часот, а на гостинските навивачи не им е дозволен влез. Тоа беше забрането и пред една недела во Грција, но тоа не ги спречи симпатизерите на Динамо да дојдат во Атина, создавајќи хаос кој заврши со смрт на навивач на АЕК.
„Немаме информации за обид на грчките навивачи да се пробијат, но во соработка со царинската полиција зголемен е надзорот на границите. Вчера на меѓународниот аеродром „Фрањо Туџман“ затекнавме четворица државјани на Велика Британија кои уредно купиле билети за западната трибина. Во разговорот со нив рекле дека се навивачи на АЕК, а подоцна демантирале, но во соработка со Динамо им биле откажани билетите и биле ставени под полициски надзор во сместувачкиот објект и нема да бидат на натпреварот“, изјави началникот на загрепската полиција Марко Рашиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

