Навивачи на Челси го навредуваа Салах со „бомбаш“ и „терорист“, клубот веднаш им забрани пристап на стадион

Пред синоќешниот натпревар од Лигата на Европа меѓу Славија Прага и Челси се појави видео по социјалните мрежи на кое навивачи на лондонскиот клуб го нарекуваат „терорист“ и „бомбаш“ фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Добро е познато дека Челси има ‘набљудувачи’ за време на гостувањата на клубот кои, со помош на коректните навивачи, веднаш успеаја да пронајдат тројца од хулиганите од снимките. Притоа редарите не им дозволија влез на стадионот на Славија во Прага. Експресна реакција и јасна порака: ‘На нашите натпревари не сте добредојдени’. Останатите тројца воопшто не се појавиле на стадионот.

 

Челси, по појавувањето на снимките, најостро го осуди таквото однесување истакнувајќи дека „малцинството го срамоти и клубот и другите навивачи“, и дека на слични постапки ќе се реагира уште построго во иднина.

Се вчитува...