Хрватските медиуми јавуваат дека тројца навивачи на Партизан биле физички нападнати пред ресторан по натпреварот меѓу екипите на Сплит и Белград во АБА лигата.
Гореспоменатите навивачи не го пријавиле своето пристигнување во полиција, па оттука немале обезбедување, што, секако, не ги ослободува напаѓачите од насилно однесување кон гостите од Србија.
Двајца навивачи побарале медицинска помош по нападот.
„Всушност, наводно се случил инцидент пред ресторанот Дује во кој биле нападнати тројца навивачи на Партизан, а нивното пристигнување не било пријавено во полиција. По средбата, тие биле нападнати од помлада група луѓе, а на две лица им била укажана медицинска помош. Третото лице не е повредено, а сите тројца се српски државјани“, соопшти полицијата, според хрватските медиуми.
„Лицата не биле пријавени во полиција како службени лица или навивачи на гостинскиот клуб, па затоа избегале од полициски надзор и обезбедување. Во тек е кривична истрага“, соопшти хрватската полиција.
Партизан славеше против Сплит со 81-86.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

