Нашите ракометари ќе имаат силна поддршка од трибините од македонските фанови кои од различни земји ширум Европа допатуваа денеска во Албервил за да им дадат поддршка на Лазаров, Стоилов, Георгиевски и останатите репрезентативци во обидот да испишат историја – за првпат да се пласираат во едно мундијалско четвртфинале. Бројни навивачи од различни градови од Франција, заедно со оние од Швајцарија, Австрија, Италија, но и од различни македонски градови, ќе им дадат ветер во грб на ракометарите, да истраат во предизвикот, па и без помошта на повредениот Манасков да стигнат до победата со шти би испишале нова страница во македонската спортска историја.
Во олимписката арена во Албервил попладнево дефинитивно ќе има многу повеќе Македонци отколку Норвежани, атмосферата пред почетокот е фантастична, таква нека биде и на крајот, со славје за триумфот на „црвено-жолтите“ во пресметката со секогаш незгодниот противник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА