Навивачите го навредуваа голгетерот на Лацио, Сари го прекина тренингот

Маурицио Сари од самиот почеток ги придоби симпатиите на фудбалерите на Лацио, откако цврсто застана во одбрана на Ведат Муричи откако навивачите на римскиот клуб го навредуваа косовскиот голгетер. Муричи пристигна за 18,5 милиони евра од Фенербахче, но воопшто не ги оправда очекувањата, ланската сезона постигна само еден гол, а навивачите не го кријат незадоволството од неговите настапи.

Вчерашниот тренинг почна со бројни извици кон интернационалецот од Косово, пред Сари да реагира и веднаш да застане пред навивачите.

„Ако слушнам да кажете уште збор против Муричи, сите ќе ве избркам од трибинтие“, порача новиот тренер на Лацио, ставајќи го под сопствена заштита промашеното засилување од ланската сезона.

Се вчитува...