Навивачите ќе бидат бесни: Шеикот Јасим се повлече од преговорите за купување на Манчестер Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе бидат уште побесни на газдите на клубот, американското семејство Глезер, откако главниот кандидат за нов купец на „црвените ѓаволи“, Шеикот Јасим бин Хамад ал Атани, се откажал од намерата да го преземе раководењето со најтрофејниот англиски фудбалски колектив.

Шеикот Јасим цело лето преговараше со сегашните газди, во последните месеци беше во трка со британскиот милијардер Џим Ратклиф, за семејството Глејзер на крајот да ги одбие двете понуди.

Јасим во последниот месец повторно влегол во интензивни преговори со американските сопственици, по што испратил извонредна понуда. Тој бил подготвен целосно да го избрише стариот долг на клубот, да почне со реновирање на стадионот и на тренинг-комплексот, но и да уплати сума од пет милијарди фунти на сметката на Глејзери. Шеикот Јасим бил убеден дека понудата е премногу добра за да биде одбиена, па кога добил негативен одговор од Американците решил да се повлече.

Се вчитува...