Навивачите на Реал Мадрид може да здивнат. Искусниот италијански стручњак Карло Анчелоти, го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2026 година.
И покрај тоа што беше обајвена информација дека Анчелоти од јуни 2024 година ќе ја презеде селекторската функција во Бразил, сепак, до тоа нема да дојде.
Анчелоти и Реал Мадрид уште пред католички Божиќ се договориле за нова соработка, која ќе трае до 2026 година, и тоа беше официјализирано денеска.
Ова ќе донесе големо задоволство кај фановите на Реал Мадрид, но и големо разочарување кај бразилските навивачи, кои силно посакуваа да имаат искусен стручњак, кој ќе им донесе титула во Копа Америка, но и трофеј од идното Светско првенство во 2026 година. Бразил последен пат бил светски првак во 2002 година во првенството одржано во Јапонија и Јужна Кореја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

